Насловна / Вести / Студенти развиле пасивен систем за ладење од хидрогел и керамика

Студенти развиле пасивен систем за ладење од хидрогел и керамика

Студентите на Digital Matter Intelligent Constructions од  Institute for Advanced Architecture of Catalonia во Барселона, создадоа композитен фасаден материјал од глина и хидрогел, кој е способен за ладење на внатрешноста на објектот за шест степени Целзиусови.hydroceramic

Материјалот наречен „хидрокерамика“ ја користи способноста на хидрогелот да апсорбира до 500 пати повеќе вода споредено со неговата сопствена тежина, и како резултат на испарувањето на водата овозможува ладење на амбиентот, но и промена на содржината на влага во околниот воздух.hidrokeramik

Ефектот на ладење е поизразен кога во околината е топло, но во спротивно испарувањето е незначително. Преку низата тестирања, студентите откриле дека најдобар материјал во комбинација со хидрогелот за оваа намена е глината, токму благодарение на порозноста. При тестирања на температура од 35-40 степени Целзиусови, постигнато е ладење за 6,4 степени за време од 20 минути, со зголемување на влажноста на воздухот за 15,5%.hydroceramic1

Пресметките на студентите покажуваат дека со примена на овој концепт може да се обезбеди заштеда од електрична енергија за клима уредите од 28%.Blog-Protoc-01

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top