Студентите од Високата техничка школа за струкови студии во Ниш, конструираа автомат за рециклирање на алуминиумска и пластична амбалажа и истиот го презентираа на саемот за наука во Ниш под името „Наук није баук“.
Автоматот има можност за прифаќање и пресување на ПЕТ шишиња и лименки, со капацитет од 2 x 20 kg, а амбалажата се препознава со помош на електромагнетен сензор кој е проектиран исто така од страна на факултетот.
Автоматот е поврзан со придружна мобилна апликација Recycling Challenge која го забележува во корисничкиот профил бројот на предадени отпадоци за рециклажа.