Насловна / Вести / Студенти од Холандија создадоа биоразградлив автомобил

Студенти од Холандија создадоа биоразградлив автомобил

Holandija biorazgradliv avtomobil3

Студенти од Универзитетот во Ајндховен Холандија (TU/e), конструираа лесен автомобил на електричен погон, од смола на шеќерна репка и лен од домашно производство. Во возилото можат да седнат четири лица, а постигнува брзина од 80 километри на час.

Holandija biorazgradliv avtomobil1

Само тркалата не се од биоразградлив материјал, а целата структура на автомобилот има сличен однос на механичката цврстина и масата како материјалите од стаклени влакна. Прототипот го носи името „Лина“ и има маса од  само 310 килограми.

Holandija biorazgradliv avtomobil

Прототипот се уште не ги има поминато „crash“ тестовите, бидејќи материјалот при удари не се свиткува туку пука, но догегашната работа ветува, па се работи на подобрување и на овие својства. Планирано е првото пробно возење да се реализира кон крајот на годинава, кога се очекува моделот да добие одобрение од холандската администрација за возила.

Holandija biorazgradliv avtomobil2

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top