Насловна / Вести / Студенти од Aalto University во Финска, создадоа јакни со интегрирани фотоволтаични ќелии

Студенти од Aalto University во Финска, создадоа јакни со интегрирани фотоволтаични ќелии

Студенти по дизајн и физика од Aalto University во Финска, работеле заедно на креирање на облека со интегрирани фотоволтаични ќелии, правејќи ја технологијата невидлива со голо око. Целта на  проектот наречен Sun-Powered Textiles е креирање на енергетски автономен производ со вклучени сензори кои мерат температура и влажност, без притоа да го нарушуваат изгледот или комфорноста на облеката. За таа цел. тимот „ја крие“ соларната ќелија внатре во ткаенината со истовремено оптимирање на отворите и продирање на доволно сончева светлина. Ваквите ткаенини можат и да се перат.  Овој концепт е особено соодветен за примена кај заштитните јакни кај многу професии. Може да се користи било каква ткаенина како основа – памук, лен, вискоза, полиестер, полиамид… Важно е да бидат оптимирани оптичките карактеристики. Тимот студенти работеле заедно со индустриските партнери Foxa и  Lindström за текстилот, додека електронската компанија Haltian го обезбедила хардверот и софтверот. Проектот Sun-Powered Textiles е промовиран на online изложбата Designs for a Cooler Planet, во склоп на  Helsinki Design Week.

sunpowered1

sunpowered2

sunpowered3

Испрати коментар

Scroll To Top