Над 30 студенти од отсек конструкција и геотехника на Градежниот факултет во Скопје, имаа можност да се запознаат со градежните активности во центарот на Скопје, каде се гради мултифункционалниот комплекс Лимак Diamond Скопје.
Она за што студентите најмногу покажаа интерес е како се испумпуваат подземните води, како тие се изолираа надвор од градежната област, како и за значењето на потпорните ѕидови.
Градежните инженери од Лимак ги информираа студентите дека се користи напредна технологија за изградба на овој проект, се користат дупчалки и дијафрагми со кои се прават дупки поголеми од 14 метри како и потпорни ѕидови.
На лице место студентите можеа да го видат начинот начинот на кој се изведуваат потпорните ѕидови, кои ќе се простира на површина од околу 17.000 квадратни метри.
Студентите беа информирани за динамиката на изградбата на комплексот. Се информираа и за подземната сообраќајница со должина од 800 метри, која ќе вклучува тунел со 6 коловозни ленти и се планира да биде завршена во период од 22 месеци. Предвидено е оваа сообраќајница да ги спојува примарните градски сообраќајни јазли со кружни текови кои се планираат во овој дел и според договорот се обврска на Град Скопје.
Архитектот на Лимак Џеида Шех одржа презентација пред студентите за сите елементи на овој комплекс, кој ќе обединува деловно – резиденцијални единици и трговски центар. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот – Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти. Лимак Diamond Скопје вклучува околу 772 станови во 20-катни кули, канцеларии, трговски центар, простор за слободни културни активности, ресторани, кафулиња, фитнес центар, хотел со казино и паркинг со капацитет за над 2.800 автомобили. Површината на вкупниот проект е околу 325.000 квадратни метри.
Основана во 1976 година, Лимак Холдинг е светски реномирана компанија со седиште во Турција, специјализирана за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, цевководи, хотелиерство и туризам.