Насловна / Вести / Студенти го блокираа Ректоратот на УКИМ

Студенти го блокираа Ректоратот на УКИМ

Студентите од „Студентскиот пленум“ и Младинската организација „Мугра“ утрово го блокираа влезот на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, во знак на револт поради сечењето на дрвата со цел изградба на две згради за факултетите ФИНКИ и за физичка култура.оствака на ректор

Студентите, кои се незадоволни што не се консултирани за изградба на факултетските згради, денеска побараа одговорност и оставка од ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, поради, како што велат, недостиг на капацитет да застане во одбрана на универзитетската автономија и интересите на акдадемската заедница.

Воедно, студентите ги повикаа деканите од Правниот, Економскиот, Филозофскиот, Филолошкиот и Архитектонскиот факултет да излезат со став за ситуацијата, како и да се оддржи вонредна јавна седница на Сенатот при УКИМ.

Од Ректоратот вчера излегоа со став дека изградбата на новите објекти на ја загрозува автономијата на Универзитетот.

Протестот почна уште во саботата, неколку часа откако екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ ги исекоа сите дрвја во паркот на Универзитетот, како подготовка на теренот за изградба на новите ткн. „барокни“ згради.

 

Испрати коментар

Scroll To Top