Насловна / Вести / Студент направил соларни панели од отпад кои работат дури и кога е облачно

Студент направил соларни панели од отпад кои работат дури и кога е облачно

Наградата за одржливост на Џејмс Дајсон оваа година ја доби 27-годишниот филипински студент Карви Ерен Меиг кој најде начин отпадот од храна да го претвори во енергија.

student

Пронајдокот што му ја донесе наградата на Карви се вика AuREUS. Тоа е систем што ја апсорбира УВ-светлината од сончевата светлина и ја претвора во чиста обновлива енергија – дури и кога времето е облачно надвор. Најдоброто нешто за целата приказна е што соларните панели се направени од отпад од овошје и зеленчук и можат да се закачат на прозорците и sидовите.

student2

“Честичките со висока енергија апсорбираат луминисцентни честички, кои повторно ги испуштаат како видлива светлина. Кога ќе дојдат во контакт со УВ зраци, честичките се апсорбираат и повторно емитуваат видлива светлина долж рабовите. Таму се поставени соларни ќелии кои ја „фаќаат“ видливата светлина и таа се претвора во електрична енергија со директна струја“, го објаснува Карви својот изум.

Со други зборови, со употреба на луминисцентни честички од овошје и зеленчук, системот AuREUS овозможува апсорпција на високоенергетски фотони. Бидејќи може да „фати“ УВ зраци преку облаци, системот работи дури и кога не е сончево време.

“Можеме да користиме AuREUS наместо вообичаените стаклени прозорци и со тоа целата зграда да ја претвориме во вертикална фарма на соларна енергија. AuREUS може да стане дел од нашата облека, автомобили, згради и куќи. Ова може да ја промени иднината“, вели ова талентирано момче.

student1

Испрати коментар

Scroll To Top