Граѓанската иницијатива „Доста“ од Струга, денеска ќе организира протестен марш поради нерешавање на проблемот со запалената дива депонија. Протестот ќе започне на кружниот тек кај струшкото „Пливалиште“, а треба да заврши на кружниот тек на влезот на градот. Стружани на кратко ќе го блокираат магистралниот пат Струга – Ќафасан.
Граѓаните од Струга поднеле барање и до премиерот Зоран Заев, како и до Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за екологија, во кое ги известуваат премиерот и министрите за алармантната состојба во Стурга.
Инаку, депонијата што го загадува градот е на 1,5 километар од Охридското Езеро.