Насловна / Вести / Стручњаци од Нови Сад освоија награда во Стокхолм за бетон и малтер од пепел

Стручњаци од Нови Сад освоија награда во Стокхолм за бетон и малтер од пепел

Истражувачкиот тим од Факултетот за технички науки (ФТН) од Нови Сад, успешно го искористил пепелот во малтерот и бетонот, како супституција на цементот, па затоа нивниот пронајдок добил награда на една од најпрестижните светски конференции за градежништво во Стокхолм. Нивните истражувања покажале дека пепелот може да го замени цементот во малтерот до околу 30%, а во бетонот дури до 50%. Набрзо ова решение добило внимание и во светот, на конференцијата за градежништво ICACEE 2018: Architectural, Civil and Environmental Engineering во Стокхолм.  Помеѓу 162 трудови на научници од Австралија до Канада, истражувањето за одржливото користење на пепелот настанат со согорување на биомаса во Војводина, во градежните производи, освоил прво место.

Од ФТН велат дека ова решение влијае врз намалувањето на загадувањето на воздухот и животната средина, и нуди поефтино производство на малетр и бетон.

pepeo2

pepeo3

pepeo4

 

Испрати коментар

Scroll To Top