Во конгресниот центар на Скопски саем, неодамна беше одржана презентација од страна на инженерите на Адинг, на која со примери и искуства од неколку проекти, биле презентирани решенија во комбинација со производите што ги застапува Бизнис Центар Адинг.
На настанот биле обработени следните теми:
– Адинг адитиви за бетони, производи за заштита и технологиите за изведба на инфраструктурни објекти;
– Затворање на активни продори на вода низ армирано-бетонски конструкции преку примерот за тунел „Будош“ во Црна Гора;
– Системот за обезбедување на водонепропустливост на подземни делови на објекти со водонепропустлив бетон, обезбедување на споеви на бетонирање и методологија на вградување на бетон.
Исто така, биле разработени и системи за хидроизолација на бањи, балкони и рамни кровови, како и можностите за изработка на „зелен кров“.
За сите дополнителни информации на овие теми, совети и консултации, во секое време можете да го контактирате инженерскиот тим на телефон 02/2034-840.