Насловна / Вести / Стручна конференција Future of Building во мај во Виена

Стручна конференција Future of Building во мај во Виена

Idnina na gradenjeto Viena1

Стручната конференција Future of Building во организација на Стопанската комора на Австрија (WKO) ќе се одржи на 17 и 18 мај во Виена. Во фокусот на оваа конференција ќе бидат теми поврзани со иновативните решенија во градежништвото, одржлива санација на згради како и вмрежување на австриската градежна индустрија на меѓународно ниво. Се очекува учество на над 300 компании, установи и образовни институции од областа на градежништвото од целиот свет. Во текот на вториот ден од конференцијата, за странските гости предвидени се посети на следните одбрани локации на интересни градежни проекти во околината:

Idnina na gradenje Viena2

1. smart city aspern seestadt
2. innovative buildings and solutions in aspern seestadt
3. refurbishment in the city of vienna
4. green infrastructure

Idnina na gradenjeto Viena

B2B- состаноците со австриските компании предвидени се за попладневните часови (со претходно закажување). Настанот се одржува во зградата на Стопанската комора на Австрија. Сите информации во врска со условите за учество, пријавувањето, програмата на конференцијата и закажувањето на B2B состаноците може да ги најдете на порталот на конференцијата на следниот линк https://www.b2match.eu/building2017

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top