Компанијата Spacemanic и здружението EVO, започнаа амбициозен потфат со храбра цел – прв хрватски сателит во вселената, симболично наречен CroCube. Поради промени во распоредот, лансирањето на CroCube, првобитно планирано за март во склоп на мисијата Transporter 10 на SpaceX, поместено е за следната достапна прилика, при што се споменува јуни како можен термин. Ова одложување на датумот за лансирање првенствено е поттикнато од најновите технички услови поставени од страна на компаниите за лансирање Exolaunch и SpaceX.
CroCube е волонтерски непрофитен проект кој успешно ги обединил хрватските домашни стручњаци и компании. Иако има значајни врски со вселенската индустрија, благодарение на ангажманот на словачката компанија Spacemanic, има уште неколку партнери меѓу кои германската компанија Exolaunch и американската SpaceX.
Сите делови на сателитот минале сложен процес на тестирање и документирање, а самиот сателит поминал и процес на тестирање при кој се симулираат условите на лансирање и престој во вселената. Лансирањето на сателит од овој вид освен знаење и технологија бара и значителни финансиски средства, односно од 120 до 250.000 евра. На проектот работел тим од 30 стручњаци од Хрватска.