Насловна / Вести / Строгата ЕУ регулатива ги загрозува шумите во Финска и Шведска

Строгата ЕУ регулатива ги загрозува шумите во Финска и Шведска

Шумите остваруваат 20% од финскиот извоз, додека секој десети граѓанин на Шведска работи во шумарството, што го чини овој сектор еден од главните столбови на економијата на двете нордиски земји. Премиерите на Финска и Шведска, сакале тоа да го истакнат во писмото упатено до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, од 4-ти октомври. „како што добро знаете, шумите се прашање од големо економско, еколошко, културно и општествено значење за Финска и Шведска, а со тоа и тема на значајно политичко внимание во нашите земји“, се вели во писмото потпишано од двајцата премиери. „Нашите шуми, шумарството и вредносните синџири на овој сектор, се соочуваат со голем притисок од неодамна договореното законодавство на ЕУ за енергетика, клима и животна средина. Сега е важно да се фокусираме на имплементацијата и да се направи анализа на севкупниот учинок кој овие политики ќе го имаат врз шумите“, додаваат тие и предупредуваат: „Шумите с ечуваат преку националните практики и знаења“.

finland1

Сојузот помеѓу двајцата нордиски лидери е потпишан во август годинава, што претставува договор за соработка на заедничките интереси. Двајцата лидери се поврзани со Европската народна партија (EPP) на десниот центар, па оттука е нејасно зошто се одлучиле сега да испратата вакво писмо?  Има повеќе причини за тоа. Прво, Брисел се подготвува за следниот законодавен мандат, кој започнува во втората половина на 2024 година. Во тој контекст, Шведска и Финска сакаат да се погрижат да не бидат заборавени нивните интереси и особено нивниот значаен сектор – шумарството. Но, на хоризонтот е и непосредната грижа – новонајавениот закон за следење на шумите. Имено, европскиот комесар Милош Шефчович се обврза до декември да предложи закон за следење на шумите, како дел од својот обид да ја добие поддршката на Европскиот парламент да стане шеф на Зелениот договор во блокот. Планираниот закон, кој има поддршка кај еколозите, има за цел да воспостави „рамка за следење на шумите во склоп на ЕУ“ кој ќе овозможи отворен пристап до состојбата и управувањето со шумите во ЕУ. Но, од друга страна, шумарите се плашат од нова бирократија – загриженост која ја делат премиерите на Финска и Шведска, кои го повикуваат претседателот на Европската комисија да обезбеди „јасност, кохерентност и предвидливост“ на овие закони.

finland2

 

Испрати коментар

Scroll To Top