Овој модерен стан се наоѓа во Киев, Украина. Според дизајнерите, ентериерот е единствен и монолитен – тоа е главната идеја на проектот. Дали трпезарија или бања, внатрешноста стилски и во однос на бојата е во истиот дух.
Целта била да се создаде ентериер со многу светлина за визуелни перцепции и високо ниво на удобност.
Строгиот пуризам е разреден со топло етно стил. Со комбинирањето на едноставни, правоаголни форми со декоративни и етно мотиви, создаден е одличен ефект на одвоеност од вревата на големиот град. Дрвените панели со 3D симулација на декоративни резби создаваат визуелен ефект.
Во спалната соба, ѕидовите од вистинска кожа се креативно решение за проблемот со звучната изолација, а дебелите завеси даваат чувство на ноќна темнина.