Насловна / Арт и дизајн / Стрипот број 1 за Супермен на eBay достигна цена од 1,7 милиони долари

Стрипот број 1 за Супермен на eBay достигна цена од 1,7 милиони долари

supermen strip

Оригиналното прво издание на стрип-серијалот Action Comics, во кој за првпат се појави Супермен и Луиз Лејн на eBay достигна цена од 1,7 милиони американски долари, а до крајот на периодот за купување се уште шест дена, пишува британскиот „Телеграф“.
Примањето понуди за стрип-изданието Action Comics Number 1 било отворено на 14 август, со почетна цена од еден милион долари, а досега пристигнале 21 понуди, кои ја подигнале цената на моменталните 1,75 милиони долари.
Се работи за многу ретко издание од 1938 година, опишано како „музејски примерок“, благодарение на оценката девет (од десет), дадена од страна на компанијата за оценување на квалитетот на стриповите – Certified Guaranty Company.
Првото издание на стрипот коешто го втемели жанрот за суперхерој е на добар пат да го достигне претходниот рекорд од оригиналното издание на истиот стрип, којшто во 2011 година за 2,16 милиони долари го купил актерот Николас Кејџ, и со тоа стана највреден стрип на сите времиња.
Оваа продажба од останатите на eBay се разликува по тоа што дозволува понуди само од однапред одобрени потенцијални купувачи.

Испрати коментар

Scroll To Top