Насловна / Архитектура / Стрип за познатиот Мис ван дер Роe

Стрип за познатиот Мис ван дер Роe

Стрип илустраторот Agustin Ferrer Casas неодамна направи стрип кој го опишува животот и работата на архитектот Лудвиг Мис ван дер Роe. Промоцијата на стрипот е дел од проектот Fundacio Mies van der Rohe и има за цел да ги поддржи новите јазици и методи за ширење на знаењето за архитектура и тоа на начин во кој медиумот е интересен како за професионалците, така и на оние кои сакаат да научат нешто повеќе за модерната архитектура преку богат спектар на визуелни медиуми.

Овој стрип, кој може да се карактеризира како графички роман, е создаден по долг процес на истражување и документирање на животот на архитектот Лудвиг Мис ван дер Роe се со цел да се прикаже поверодостојно. Архитектурата на зградите, спомениците и општата животна средина претставени се со впечатлива естетика на стрипот кој сликовито го прикажува времето во кое архитектот живеел и работел, а интересно е тоа што, стрипот за животот на познатиот архитект е со придружба на текст на Норман Фостер.

1

Стрипот е објавен во периодот во се одбележуваат многубројни јубилеи поврзани за славниот архитект. Всушност, сега се прославуваат 50 години од неговата смрт, 90 години од изградбата на неговиот познат германски павилјон на Меѓународната изложба во Барселона, и 100 години од создавањето на Баухаус, со кој во одреден период управувал и Мис ван дер Роe.

2

Тој заедно со Валтер Гропиус и Ле Корбизје се смета за пионер на модерната архитектура. Тој бараше архитектура што ќе биде огледало на животот во дваесеттиот век. Зградите на Ван дер Роe се карактеризираат со чисти форми и интензивна употреба на стакло, челик и бетон. Неговата работа придонесе за појава на згради со стаклени фасади. Тој говорел дека неговите згради се „коска и кожа“.

Електронското издание на романот може да се гледа на Issuu, додека печатено во Shopmies. Објавена е од страна на издавачката куќа Grafito Editorial, а фондацијата Mies van der Rohe значително ја има помогнато неговата промоција.

3

Испрати коментар

Scroll To Top