Пругастите фасади на овие куќи во близина на јужнокорејскиот град Ичеон, се резултат на експериментирањето на архитектонската компанија STPMJ, која демонстрира како со промена на составот на бетонот, се менуваат и неговите својства. Основачите на компанијата STPMJ ја опишуваат Stratum House, како обид да се симулираат геолошките структури, така што ќе се формираат бетонски ѕидови од слоеви кои се од различна мешавина на материјали и од бетон со различни карактеристики. „Проектот започнал со заинтерсираност за составот на бетонот, неговиот процес на подготовка и реакциите на резултатите од тестирањето при измени во составот“ велат архитектите.
За да креираат различни тонови и текстури на слоевите, проектниот тим ги прилагодил количините на пигмент и односот на вода и цемент кои се користат за добивање бетон. Излевањето на бетонот по слоеви со различна мешавина, траело 22 дена. Исходот се токму пругастите ѕидови со нееднакви слоеви.
Два одвоени објекти сместуваат три семејства и уредени се паралелно еден кон друг, со заеднички двор. Дневните соби се поставени на јужна страна со цел максимални сончеви добивки.