Насловна / Вести / Странски експерти ќе вршат мониторинг на Охридско Езеро

Странски експерти ќе вршат мониторинг на Охридско Езеро

Ohrid-mapa vreli ekoloski tocki

Во текот на месецов, претставници од УНЕСКО ќе го разгледуваат извештајот за преземените чекори по утврдената потенцијална опасност за природните и културните добра на охридскиот регион.

Претходно, домашни експерти вршеа мониторинг на состојбата со нивото и загадувањето на Охридското Езеро. Се стравува дека е можно охридскиот регион од листата на добра под заштита на УНЕСКО, да се префрли на листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО. Локалитетите што се на оваа листа, главно се сместени во Африка и во подрачја зафатени со воен конфликт.

Во случајот на Охрид, како причина за овој потег на УНЕСКО  се наведуваат планираните проекти кои ѝ штетат на животната средина, како што се  плановите за изградба ски-центар на Галичица, патот над Пештани, железничкиот коридор VIII, и изградбата на хотел во заштитениот зелен појас во населбата Лагадин.

 

Испрати коментар

Scroll To Top