Насловна / Вести / Странци држат 80 отсто од изворите на вода во Србија

Странци држат 80 отсто од изворите на вода во Србија

Voda-Knjaz-Milos

Според проценки на експерти, третина од извориштата на вода во Србија се користат за пласман на пазарите, а речиси 80 отсто од флашираната вода од српски извори се произведува во фабрики што се во сопственост на странски компании, објави весникот Вечерње новости. Весникот додава дека во Србија се регистрирани околу 300 различни типови на минерални, термални и термоминерални изворишта на вода од кои секоја секунда излегуваат околу 1.500 литри. Од нив се искористени околу три отсто, а остатокот оди во реки. ОН ја вброија Србија на листата на првите 50 држави кои располагаат со големи резерви на здрава и вода за пиење.

Voda

Весникот има изјави од експери од таа област кои тврдат дека за ниту една држава не е препорачливо најголемите извори, како стратешки неопходни, да се продаваат на странци и оти секоја држава треба да управува со својата вода. – Недозволено е каква било форма на препуштање контрола и управување со извори на вода за пиење на странци, без разлика дали станува збор за продажба или давање под концесија, изјави за весникот Горан Триван, министер за заштита на животната околина. – Ако државата не ги контролира изворите за вода за пиење тогаш не контролира со најважниот национален ресурс, додава тој. Според него, таквата продажба била национално промашување.

Испрати коментар

Scroll To Top