Околу 100 платна на светски уметници ќе бидат продадени на аукција во Лондон на втори февруари, организирана од аукциската куќа Christie’s.
Вкупната цена на сите дела се движи од 87,3 милиони до 129,1 милиони фунти.
Според претставници на аукциската куќата делата „овозможуваат да се следат основните фази на светската уметност како целина и на такви ликовни правци како што се импресионизмот, најраниот модернизам, кубизмот и експресионизмот.”
Аукцијата ќе вклучува платна на Пол Сезан, Марк Шагал, Пабло Пикасо, Егон Шиле, Рене Магрит, Салвадор Дали, Хуан Миро и многу други.