Nomadic Pattern е прекраснa уметничка колекција на чилеанската уметница Ливија Марин.
Колекцијата се состои од керамички предмети како што се чаши, вазни и чајници. Попрецизно кажано, се работи за „стопени“ керамички предмети, кои сепак ги задржуваат своите препознатливи декоративни шаблони. На прв поглед, оваа колекција изгледа како уништување на убава декоративна уметност. Но, по кратка анализа се гледа вистинското значење на овие уметнички поставки. Уметницата сакала да покаже дека и скршените предмети се убави, а и корисни.
Замислете го овој декор во вашиот дом. Како ви изгледа?