Насловна / Арт и дизајн / Столот Edaha инспириран од гранки и лисја

Столот Edaha инспириран од гранки и лисја

Бирото GamFratesi црпело инспирација од формите на гранките и лисјата за да го создаде закривениот стол Edaha за јапонскиот бренд Koyori.

e7

Edaha е целосно направен од фурнирано дрво, а GamFratesi настојувале да изгледа индустријализирано, а сепак да ја изрази убавината на природата.

Дизајнерското биро ја искористило соработката со Koyori, кој ја слави јапонската изработка, за да ги истражи можностите на дрвото и да реинтерпретира дел од сопственото данско дизајнерско наследство.

e6

e4

Позајмувајќи ги формите од природата, дизајнерите ја замислиле фурнираната школка на седиштето како лист што се потпира на „гранки“, рамката на столот.

„Сакавме да создадеме структура која нежно ќе го подупира седиштето, токму како лист на гранка“, рвелат од GamFratesi. „Проектот беше индустриски предизвик, концепт што ги предизвика материјалите и технологиите“.

Столот Edaha е достапен во дабово или ореово дрво, а седиштето може да биде тапацирано по желба.

e5

e1

e3

Испрати коментар

Scroll To Top