Столицата CORD / CODE на јапонското биро за дизајн од Токио, Oniki Design Studio е изработена од акрилик и жици од не’рѓосувачки челик. Шест закривени површини обликувани со хоризонтално затегнати жици низ акрилик во форма на буквата U го формираат седиштето и наслонот на столицата.
Закривените површини се создадени од вкупно 124 жици кои се распоредени така за да се закриват спрема телото, се однесуваат како да се ткаенина, меко обвиткувајќи ја особата што седи. На жиците им се дава код за да се создаде дизајн каде коегзистираат напнатоста на правата линија и меката крива.
Закривените жици се видливи од страната и од задниот дел на столицата низ кристално чистата акрилна база, давајќи чувство на леснотија, особата што седи делува како да лебди.
Столицата е добитник на наградата Златен медал во категоријата производи за домашни ентериери на International Design Awards-IDA 2019.