За оваа симпатична столица слободно може да се каже дека претставува необична силуета на индустриски објект која лесно се претвора во вистинско уметничко дело.
Овој, на прв поглед, чуден и несигурен стол е инспириран од фитнес сала, но тоа не значи дека е наменет за нејзино опремување. Напротив, намерата на овој стол е да ве измами, а на прв поглед да не ја откриете неговата цел. Тој е прилагодлив и толку лесен благодарение на неговата едноставна форма што го сведува на само два чисти елементи – челични цевки и цилиндрични основи за потпирачот за грб и седиштето.
Тоа е концептуален објект за седење што овозможува да се избере начинот на кој се седи. Roll столчето всушност нуди алтернативни форми на седишта кои смело му пркосат на вкоренетиот став дека минимализмот не може да понуди ништо од тој тип.
Столчињата се достапни во дури 16 различни нијанси, и секоја од нив претставува совршена комбинација на рамнотежа, убавина и функционалност. Без непотребни детали и украси, тие нудат одмор на сите оние на кои им е потребен мир и пауза.
Благодарение на рационализацијата на суровините што се користат за изработка на овие столови, нивниот дизајн е одржлив, што значително го поедноставува процесот на рециклирање по крајот на векот на употреба.