Насловна / Арт и дизајн / Столица која наместо четири, има само две ногарки

Столица која наместо четири, има само две ногарки

Секое парче мебел е единствено по боја, дизајн, форма или некоја друга карактеристика. Меѓутоа, постојат и автори кои настојуваат во својата работа да ги надминат границите на вообичаеното, и кои сакаат со своето творештво и креативност да направат не само нивниот  дизајн да биде забележан, туку и да ги истакнат другите функции на мебелот. Едно такво парче е столица која наместо четири, има само две ногарки.

2_resize

Инспириран од принципот „Помалку е повеќе“, младиот португалски дизајнер Carlos Alves Ludovico дизајнирал столица наречена  -2 CHAIR, чија специфичност е што наместо четири има само две ногарки. Меѓутоа, и со две ногарки помалку, по што го добила и името, оваа столица има свои предности – може да се потпре на ѕид или маса, заштедува простор и нуди подобра ергономија. Благодарение на отсуството на двете ногарки, на неа се седи во положба во која би се јавал коњ. Ова интересно парче мебел не е само визуелно привлечно. Осмислено е на начин на своите корисници да им обезбеди зајакнување на клучните групи мускули.

3_resize

Португалскиот дизајнер, со во моментов адреса во Хелсинки, Финска, во својата работа ја комбинира уметноста на ракотворби со силни, робусни структури со минималистички визуелен пристап. -2 CHAIR е изработена од рачно обработено дабово дрво и мешавина од природна волна и лен, материјали кои обезбедуваат удобност, отпорност на абење и издржливост.

1_resize

4_resize

5_resize

6_resize

Испрати коментар

Scroll To Top