Гламурозната и реномирана архитектка Zaha Hadid, позната е по своите исклучителни и необични архитектонски потфати. Својата креативност, Hadid ја проширила и на естетски проекти надвор од рамките на архитектурата, како што се на пример, ‘Z boat’ и футуристички бар; последен во нејзината линија производи е и Liquid Glacial столче од акрилна смола, коешто визуелизира вода како „паѓа“ на под. Дизајнот на ова неверојатно столче е креиран врз основа на моќната флуидна динамика и сложената прекршена површина. Изгледот на горниот рамен дел на ова столче делува како да е трансформиран од статична течност, заради што и делува како замрзнат момент во кој на неколку секунди е фатен или задржан „падот“ на вода.
Liquid Glacial столче е високо 750 мм, и неговата цена е неверојатни 160.000 УСД.