Столарот Henk Verhoeff од Нов Зеланд, создава многу необичен и уникатен мебел. Неговите комоди со искривени рабови и пукнатини на средината, изгледаат како да се од некој филм на Disney. Но, и покрај необичната форма, тие се совршено функционални, иако изгледа дека се оштетени. Verhoeff изработува ваков мебел веќе 53 години. Веќе е во пензија, па експериментирањето со дизајнот му е новото хоби. Неговата последна креативна идеја е поставување на соодветно осветлување зад комодите, што создава илузија на удар од гром. Посебно е интересно што овој талентиран столар ја започнува работата на секое ново парче мебел без никаков план. Тоа не се покажува секогаш како успешна стратегија, но во најголем број случаи с еостава простор за импровизација и имплементирање на нови идеи. На секое парче мебел, тој работи во просек помеѓу 80 и 100 часа, вклучувајќи го и завршното лакирање. Ужива да ги прикажува своите креации на Facebook, каде ќесто во коментари добива и нови идеи од луѓето кои го следат.