Овој дизајнерски стол од злато зборува сосема доволно за суштината на луксузот. Столот е дизајниран од страна на шведскиот дизајнер и архитект Fredrik Mattson, а инспириран е од наградата што ја добил за дизајн – „Златна столица“. Ова луксузно и скапо парче мебел е целосно покриено со чисто злато.
Столот е од злато, но идејата за ваква реализација е изненадувачка. Всушност, овој стол од злато е „реакција“ со цел да се запре еколошкиот кошмар во производството на дрвените столици, каде што 70% од дрвениот материјал се отфрлува како отпад за да елементите на столиците бидат во потполност совршени и да ги нема неправилностите на природното дрво. Mattson ја искористил техниката на обложување на дрвените парчиња со други материјали. Во неговиот случај тоа било – чисто злато.