Во Арехолошкиот музеј во Скопје отворена е долгонајвуванта и екслузивна изложба „Сто години Требениште“ со повеќе од 400 артефакти и откритија од археолошкиот локалитет, некрополата во близина на Охридското езеро, на која се истражени голем број гробови кои датираат од крајот на 6 до почеток на 5 век п.н.е.,заедно со златни маски кои се наоѓаат во музеите во Бугарија, Србија и во Северна Македонија.
Изложбата која е резултат на иницијативата на трите институции од соседството, е органзирана во чест на 100-годишнината од откривањето на некрополата во 2018. година, а со новите технологии за реставрација и конзервација откриени се атрефакти кои првпат ќе бидат претставени на македонската јавност.
Автори на изложбата се Перо Арџанлиев од Скопје, Вера Крстиќ од Белград и Крсто Чукалев од Софија. За изложбата е подготвен ексклузивен каталог на околу 400 страници, со текстови од 26 автори, музејски работници од нашата земја, Србија, Бугарија, Чешка и од Германија.
По претставувањето во Скопје, изложбата ќе гостува и во Софија и во Белград, а потоа и во Европа. Интерес за изложбата има во Париз, Берлин, Виена и во Загреб.
фото: КИРО ПОПОВ