Насловна / Вести / Стив Џобс им ја ограничувал употребата на технологијата на своите деца

Стив Џобс им ја ограничувал употребата на технологијата на своите деца

Стив Џобс беше прогласен за евангелист на дигиталната ера, но верувале или не, тој ја забранил употребата на технологија во својот дом, дури и неговите прочуени iPad-и.

1

Новинарот на „Њујорк Тајмс“, Ник Билтон во една прилика во 2014 година го прашал Џобс: „На вашите деца веројатно многу им се допаѓа iPad?“, на што тој одговорил дека никогаш не користеле iPad. Тој и неговата сопруга одредувале кога и колку нивните деца можат да користат технологија дома. „Домот на Стив Џобс го замислував како рај за бубалици: дека ѕидовите се огромни екрани на допир, а трпезариската маса е направена од iPad-и“ – изјави своевремено Ник Билтон, кој го откри фактот дека децата на Џобс не користат iPad.

Меѓутоа, членовите на семејството повеќе сакале да се дружат и да разговараат за историја и прочитаните книги. Тие седеле на долга кујнска маса и разговарале еден со друг.

00

Звучи чудно, но навистина е така, а овој тренд е особено популарен кај ИТ експертите.

Во Силиконската долина, тренд е инженерите и другите ИТ експерти да ги штитат своите деца од лошото влијание на технологијата. Тие дури ги испраќаат и во училишта каде што не се користат компјутери, како што се училиштата на Валдорф школата, каде технологијата не може ни да се помириса.

њњ

„Запознав голем број директори на ИТ компании кои ми го кажаа истото: тие многу стрикно ја ограничуваат употребата на технолошки уреди на нивните деца, најчесто целосно ја забрануваат употребата на сите уреди во работните денови и им дозволуваат да ги користат кратко за викенди“, вели Билтон.

Крис Андерсон, поранешен уредник на магазинот Wired и директор на 3D Robotics, татко на пет деца,  во една прилика објасни зошто луѓето кои работат во технолошката индустрија ги држат технолошките уреди подалеку од своите деца: „Децата не обвинуваат мене и мојата сопруга дека сме фашисти и дека сме премногу загрижени за технологијата и се жалат дека другите деца немаат такви забрани… Тоа е затоа што ние лично сме запознаени со опасностите од технологијата. Сум видел такви работи и не сакам тоа да им се случи на моите деца.“

02

Како родителите од светот на информатичката технологија ги одредуваат правилата за користење на уредите?

Децата помлади од десет години, се најподложни на создавање зависност, не смеат да користат никакви уреди во текот на работната недела. За време на викендите, тие можат да користат компјутери, телефони и таблети од половина час до два часа. Децата на возраст од 10 до 14 години можат да користат компјутери во текот на работната недела, но само за изработување на домашни задачи.

20

Лесли Голд, основач и директор на Saderland Gold, вели дека во неговото семејство има правило на забрана на сите екрани во текот на работната недела. Меѓутоа, како што растат децата мораат да се прават некои отстапки, бидејќи компјутерот се повеќе им треба за учење.

Кога станува збор за „паметните“ телефони, повеќето технолошки експерти не ги даваат на деца пред да наполнат четиринаесет години.

„Меѓутоа, сите се придржуваат на едно правило: Во детската соба нема никакви екрани. Никогаш. Точка.” вели Крис Андерсон.

Али Партови, основач на компанијата ILike и советник во Facebook, вели дека прави разлика помеѓу „консумеристичко“ и „креативно“ користење на технологијата, а на децата им го дозволува само второто – создавање уметност преку компјутер или програмирање.

22

 

Испрати коментар

Scroll To Top