Насловна / Вести / Стиропорот доби своја биоразградлива замена

Стиропорот доби своја биоразградлива замена

Бугарскиот стартап Biomyc нуди одржливо решение за пакување на производите, кое изгледа како стиропор, но во целост е биоразградливо, како и за лесонит кој содржи 70% помалку дрво и нема лепила на база на формалдехид. Имено, компанијата користи неискористен органски отпад за создавање на одржливи производи и нивно пласирање на пазарот, вклучувајќи земјоделски отпад и печурки од кои се прави композитен материјал. Овој вид на амбалажа ги штити производите за време на транспортот, што за производителите е одличен маркетинг и приближување кон кружната економија. Овој вид на амбалажа особено стекна популарност во заштитната амбалажа за премиум и органски производи, односно кај продавачите на премиум вина и органска козметика. За добивање на сложени облици од оваа амбалажа, компанијата користи биолошки процеси, без загревање и користење на синтетички смоли и лепила. Таквото решение би можело во целост да го замени стиропорот, за чие производство е потребно да се вложат големи количини на енергија, при што доаѓа до големи емисии на стакленички гасови. Стиропорот кој е лесен и плови на површината на водата, не е биоразградлив и потребни му се стотици години за да се разгради. Исто така, делови од стиропорот, на морските животни им изгледаат како храна, па често се во опасност од угинување откако ќе ги изедат. Секој ден во светот се произведуваат 14 милиони тони полистирен (стиропор), па затоа тој е еден од најраспространетите загадувачи на Земјата.

biomyc2

biomyc1

Испрати коментар

Scroll To Top