Европската комисија им овозможува на истражувачите од целиот свет да ја искористат 2020 година на најдобар можен начин, односно да стекнат научна и финансиска независност, да направат голем чекор за себе и да придонесат за зголемување на научно истражувачкиот фонд на знаење. Во рамките на програмата Marie Skłodowska-Curie (MSCA) објавени се два повици за поддршка на истражувачите во сите фази на кариерата, без оглед на возраста и националноста. Повикот за индивидуални стипендии преку кои е обезбеден фонд од 328 милиони евра е отворен до 9-ти септември 2020 година. Повикот за кофинансирање на регионални, национални и меѓународни програми, кој со буџет од 100 милиони евра ќе ги поддржи програмите за обуки, мобилност и рaзвој на кариера, е отворен до 29-ти септември 2020 година.
Индивидуалните стипендии ја поддржуват мобилноста на искусните истражувачи преку европски и глобални стипендии. Европските стипендии траат една до две години, а глобалните две до три години. Пружаат можност за работа на истражување во европски контекст (држави членки на ЕУ и придружни земји) или надвор од Европа. Планот за развој на кариера заеднички го утврдуваат супервизорите и истражувачот. Покрај истражувачките цели, овој план содржи и потреби од истражувачка обука и кариера, вклучувајќи и планирање на публикации и учество на конференции. Силно се поттикнува мобилноста преку границите и помеѓу секторите. Фондот исто така ја поддржува и соработката помеѓу индустријата и академската заедница и иновативната обука за подобрување на вработувањето и развојот на кариера.
Од 1994 година, Програмата нуди стипендии за обука на истражувачи, охрабрувајќи ја традиционалната, меѓусекторската и интердисциплинарната мобилност. Добила име по двојната добитничка на Нобелова награда, Марија Склодовска – Кири, ширејќи ги вредностите за кои таа се залагала. До денес, над 130.000 истражувачи директно учествувале во програмата – меѓу нив и девет лауреати на Нобеловата награда. Од 2014 до 2020 година, со буџет од 6,2 милијарди евра, Програмата поддржува околу 65.000 истражувачи од кои 25.000 докторанти. Во исто време над 6.100 организации од повеќе од 100 земји, учествувале во програмата. Доделени се над 400 милиони евра на организации надвор од академските кругови – на компании. Околу 1.430 компании добиле средства преку 894 поддржани проекти. Програмата им овозможила на овие компании да ги обучат своите истражувачи и да ги зголемат своите капацитети.