Насловна / Архитектура / Стимулирачка архитектура за деца

Стимулирачка архитектура за деца

Во рамки на Фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива 2018“ кој се одржа во МКЦ се реализираше проектот наречен „Дете и простор“.

дд2

Проектот е дело на професорите на Европскиот универзитет, Факултет за арт и дизајн, Дејан Ивановски, Зоран Ѓурески, асистентката Екатерина Намичева и студентите Памела Мицева и Димитар Русомаров.

дд1

Целта на авторите е да се создаде архитектура за деца која претставува имагинарна, стимулирачка и out-of-the-box, која кај децата ќе потикне интерес за истражување и учење.

1

Размерот, пропорцијата, репетицијата, формата и палетата на бои игра важна улога во креирањето смирувачка средина со цел да се подигне свеста за дизајн од многу рана возраст.

5

Проектот се состои од три модули – рампи на кои децата континуирано можат да се качуваат. Целата замисла е да се организираат различни настани на тие рампи.

По завршувањето на фестивалот конструкција е веќе дел од урбаната опрема на МКЦ.

4
2

3

7

8

Испрати коментар

Scroll To Top