Насловна / Арт и дизајн / Стилскиот свет на Емилијано Салчи од Dimorestudio

Стилскиот свет на Емилијано Салчи од Dimorestudio

Кога Емилијано Салчи и Брит Моран го лансираа Dimorestudio во 2003 година, тие станаа инстантна сензација во модерните кругови за изработка на ентериери кои се луксузни и предизвикуваат силни емоции – главно пријатни и романтични, но понекогаш и заводливо-меланхолични.

1 (6)

Освен што изработија домашни предмети за Диор, Салчи и Моран имаат свој бренд за мебел, Dimoremilano. Нивната најнова колекција вклучува раскошен челичен кабинет, впечатлива маса чиј стаклен врв е обложен со ленти од ткаенина.

Што се однесува до боите, Салчи обожава црно-бела, виолетова, како и зелени и жолти нијанси. Тој претпочита недефинирани, непроѕирни тонови. Во стилот на Салчи одлично се вклопува ткаенина која е кадифена, мека на допир и впечатлива.

1 (10)

Кога би можел да поседува едно уметничко дело, Салчи би одбарал современо дело, од типот на Доналд Џад. Салчи смета дека преку  делата на Доналд Џад го пронашол патот до современиот свет. Местото што го смета за најинспиративно е Њујорк: уметничките галерии, улиците, луѓето, бутиците, просторот. За него, Њујорк е сè, тоа е светот.

1 (9)

Омилен хотел на Салчи е Parco dei Principi во Соренто бидејќи е една од најважните креации на Џо Понти и во исто време прекрасно место блиску до природата и морето. Салчи обожава да готви, бидејќи тоа го опушта. Неговото главно јадење се шпагети со сос од домати.

Дизајнерска работа на Салчи се однесува на целиот 20-ти век. Салчи обожава да ги посетува италијанските градини како што се градините Боболи во Фиренца, но она што навистина го сака се дворовите и манастирите, кои ги смета за вистински чуда. Тие се тајни светови, затворени за јавноста.

1 (7)

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top