Насловна / Арт и дизајн / Стилска колекција на славини на Tonino Lamborghini

Стилска колекција на славини на Tonino Lamborghini

Tonino Lamborghini, познат италијански бренд за додатоци, хотели и луксузни недвижнини, додаде нова колекција на стилски чешми во својата линија Lamborghini Home. Колекцијата на славини е инспирирана од модерен и иновативен стил.

3_resize

Една извонредна славина од новата колекција, која особено се издвојува е Monza. Оваа славина е мала скулптура со силно тело прекриено со PVD завршна обработка. Лулата на славината и рачката направени се од карбон, што ја прави оригинален дизајнерски предмет за модерни бањи.

6_resize

Произведена во соработка со Paini Spa, водечка италијанска компанија во секторот славини, овој новитет доби оригинални декоративни елементи, заедно со уникатната форма и автентичен дизајн.

4_resize

Овој извонреден дизајн на славина ќе додаде модерен и иновативен стил во луксузните бањи. Уникатната форма со своите чисти и силни карактеристики ја издвојува Monza од другите луксузни славини кои се достапни на пазарот. Оваа шик славина сигурно ќе ги привлече погледите на многу елегантни сопственици на луксузни домови, кои бараат врвна опрема за својата бања.

5_resize

Првите модели на Monza ќе бидат претставени на Интернационалната изложба на керамички плочки и опрема за бањи. Потоа, Monza ќе дебитира во целиот свет, а се очекува дека ќе биде применета во сите хотели Tonino Lamborghini со пет ѕвезди, како и во комерцијалните и резиденцијални проекти кои се во план за пазарот во Кина и Обединетите Арапски Емирати.

2_resize 1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top