Рускиот дизајнер Константин Колесов создал интересна колекција од сувенири со најзначајните архитектонски зданија ширум светот. Колекцијата содржи 15 парчиња со знаменитости од Њујорк, Лондон, Токио, Дубаи и други градови.
Изработени се од алуминиум, а основата е од природно дрво со втиснат 2D амблем на градот за кој се работи. „Мојата страст за патување и искуството во градежното инженерство, ме инспирираа да креирам тематски – архитектонски сувенири со чисти линии, траен материјал, и стил кој одлично ќе се вклопи во модерните домови и канцеларии“, вели Колесов.