Насловна / Вести / Стигна првата Nevera од сериско производство

Стигна првата Nevera од сериско производство

Првиот продукциски примерок на  Rimac Neverа, зелена Callisto нијанса со ентериер од алкантра во боја на песок, слезе од производната линија во погонот на оваа компанија во близина на Загреб. Тој пристига после пет години развој и тестирања, 18 произведени прототипови, 45 судат тестови, успешно завршена европска и американска хомологација. Првиот примерок  (сериски број #000) ќе остане во сопственост на Bugatti Rimac, додека првите возила наменети за купувачите веќе се во фаза на производство на фабричката линија.

neveraseriska

Темпото на производство се подига до планираниот капацитет од 50 единици годишно, кои ќе се испорачаат на купувачите низ целиот свет. Од компанијата истакнуваат дека првите автомобили за испорака на купувачите веќе се склопуваат, при што за секој автомобил се потребни пет седмици на самата линија за монтажа, додека одредени делови и системи се изработуваат со месеци пред тоа. Nevera наскоро ќе се испорачува ширум светот преку глобална мрежа од 25 официјални дистрибутерски партнери, која се протега низ САД, Европа, Азија и Бискиот исток.

20220718074623_727254

 

Испрати коментар

Scroll To Top