Насловна / Арт и дизајн / Steelcase лансира мебел заснован на дизајните на Френк Лојд Рајт

Steelcase лансира мебел заснован на дизајните на Френк Лојд Рајт

Американската компанија Steelcase користела архивските дизајни на архитектот Френк Лојд Рајт за да ја создаде колекцијата Racine, линија мебел за домашна канцеларија.

1

Линијата мебел на компанијата Steelcases, која содржи маси и столови, е именувана како Racine Collection по градот каде Рајт ја создал административната зграда SC Johnson во 1939 година. Зградата имала оригинални верзии на мебелот, исто така произведени од Steelcase. Во соработка со Фондацијата Френк Лојд Рајт – примарните чувари на архивата на американскиот архитект – Steelcase ги разви новите дизајни во текот на две години, за кое време тимот внимателно го проучувал наследството на Рајт, прилагодувајќи ги готовите скици на мебел за современа употреба.

3

Колекцијата содржи маси, како и канцелариски столови, сите моделирани по урнек на дизајнот кој го дизајнирал архитектот за зградата SC Johnson. Дизајнерите на Steelcase делумно ги модифицирале предметите за да ги направат поергономски и поудобни: на пример, ги замениле фиоките со пружини со магнети. Според брендот, на новините не треба да се гледа како на римејк, туку како внимателно преиспитување на оригиналот.

0

Дизајнерите на Steelcase, исто така, забележаа дека ова прво повторување е „само почеток“ на соработката, а тимот се надева дека ќе ја искористи огромната архива на Рајт за да продолжи со повторното осмислување на оригиналните дизајни.

5

2

6

4

Испрати коментар

Scroll To Top