Steampunk е стил кој не е често поврзуван со уредување на ентериери. Тоа е стил кој е инспириран од индустријализацијата на западната цивилизација, викторијанскиот период и Дивиот Запад. Можеме да го опишеме како ретро-футуристички стил на кој непресушен извор на инспирација му е пронајдокот на парната машина. Индустриските детали како кожен мебел, стари гломазни ламби, стари географски мапи и глобуси дефинитивно придонесуваат за еден дом да зрачи со steampunk стилот.