Насловна / Вести / Статуа „извајана“ од вештачка интелигенција изложена во Стокхолм (ВИДЕО)

Статуа „извајана“ од вештачка интелигенција изложена во Стокхолм (ВИДЕО)

Статуата „The impossible statue“ од нерѓосувачки челик тешка 500 килограми и висока 150 сантиметри, направена со користење на најновите достигнувања во вештачката интелигенција, напредни софтверски решенија и прецизно производство, инспирирана од делата на Микеланџело и Огист Роден, сега може да се види во Музејот на наука и технологија во Стокхолм во сталната поставка на изложбата за вештачка интелигенција.

s0

Компанијата која стои зад скулптурата е шведскиот производител на алати за сечење метал и рударска опрема, „Сандвик“, која сакала да ги промовира своите дигитални производствени вештини и алати за обработка и сечење метал.

Програмерот Роберт Луциани, кој го создаде нацртот на статуата со помош на вештачка интелигенција, истакнува дека еден од најголемите предизвици, меѓу другото, бил како да обедини дела од пет различни уметници од различни епохи и да ги соедини во едно уметничко дело кое потоа би било произведено.

s1

Од „Сандвик“ наведуваат дека статуата била дизајнирана со обука на повеќе модели на вештачка интелигенција и работа на пет скулптори, користејќи некои од нивните најпознати атрибути, како што се на пример „динамичните пози вон рамнотежа“ на Микеланџело и „мускулатурата и рефлексивноста“ на Роден.

Други извори на инспирација биле германската уметница Кете Колвиц, јапонскиот скулптор Такамура Котаро и афроамериканската вајарка Огасете Севиџ.

Во производниот процес користени се повеќе од 20 различни алатки за стругање, глодање, дупчење, режење навои и провлекување, заедно со различни софтверски решенија.

Јакоб Петерсон, специјалист за компјутерска машинска обработка во „Сандвик“, напоменува дека: „Обично работиме со машински компоненти, рамни површини, цилиндри и така натаму. Ова е очигледно посложена површина, т.е. сложено леење во слободна форма, а материјалот што го обработивме е -U+0020 нерѓосувачки челик“.

s

Употребени се вкупно два ипол тони нерѓосувачки челик, од кои два тона одпаднале при процесот на обработка, што резултирало со статуа тешка 500 килограми. Целиот челик што е машински обработен е рециклиран и повторно е користен, нагласуваат од „Сандвик“.

Испрати коментар

Scroll To Top