Насловна / Вести / Статистика објави: Трошоците за нови објекти за индивидуално домување се зголемени

Статистика објави: Трошоците за нови објекти за индивидуално домување се зголемени

Државниот завод за статистика ги објави индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување.

kk

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

i

Во второто тримесечје од 2023 година, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.5 %, трошоците за материјали се пониски за 1.4 %, а трошоците за вработените се повисоки за 7.1 %.

Во второто тримесечје од 2023 година, во споредба со второто тримесечје од 2022 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 11.6 %, трошоците за материјали за 5.4 % и трошоците за вработените за 24.5 %.

i1

Испрати коментар

Scroll To Top