Насловна / Вести / Стартуваше со експлоатација енергетскиот мега проект „Јамал“

Стартуваше со експлоатација енергетскиот мега проект „Јамал“

Рускиот претседател Путин, присуствуваше минатата седмица на обележувањето на стартот на оперативната фаза на  проектот „Јамал“. Проектот се  реализира во соработка со француската компанија „Тотал“, и една кинеска компанија. „Ова е голем ден за нас“ изјавил Путин  на церемонијата во арктичкото пристаниште Сабета, 2500 километри од Москва, додавајќи дека се работи за огромен проект за Русија. На чело на меѓународниот конзорциум е руската приватна компанија „Новатек“. „Се соочуваме со големи предизвици во обидите да го развиеме подрачјето на Арктикот и поморскиот превоз север – исток“, истакнал во оваа пригода рускиот претседател во конференциската сала, додека надвор температурата била -280C. Стартот на проектот е обележен со првата испорака на танкер со ТНГ.

Yamal 2

 

Проектот „Јамал“, вреден околу 27 милијарди долари, е еден од најамбициозните проекти во секторот енергетика. Се работи за постројка за производство на ТНГ, со што и во оваа сфера а не само во испораката на гас преку цевководи, Русија ќе се позиционира високо на глобалната мапа.

Yamal 3

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top