Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Стартува проектот „Загреб енергетски ефикасен град“

Стартува проектот „Загреб енергетски ефикасен град“

Fotolia_19160285_Subscription_L
Градот Загреб ќе подигне кредит од 18 милиони куни за реализација на проектот „Загреб енергетски ефикасен град“, со кој се планира намалување на потрошувачката на енергија за 49%. Во склоп на овој проект треба да се реконструираат 87 згради сопственост на градот: 13 основни училишта, осум средни училишта, 32 градинки, шест домови за стари лица, две поликлиники и 18 згради на локалната самоуправа. Ќе се модернизираат и 3.000 единици од јавното ослетлување со воведување на ЛЕД светилки со систем за управување. Како што пренесува дневниот весник Jutarnji, проектот целосно ќе биде завршен во март 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top