Насловна / Вести / Стартува проектот „Севернојадранска долина на водородот“

Стартува проектот „Севернојадранска долина на водородот“

Проектот „Севернојадранска долина на водородот“, во кој Holding Slovenske elektrarne (HSE) е водечки партнер, доби „Печат за извонредност“ кој се доделува на најдобрите проекти во склоп на програмата Horizon Europe. Стартот на проектот е планиран за први септември оваа година, реализацијата ќе трае 72 месеци, опфаќајќи 17 пилот проекти ан различни локации во сите три партнерски земји – Словенија, Хрватска и Италија. Реализацијата на проектот на вопоставување на водородна долина веќе е официјално започната со потпишувањето на договорот помеѓу Holding Slovenske elektrane (HSE) и The Clean Hydrogen Partnership Joint Undertaking, за кофинансирање со 25 милиони евра неповратни средства од европските фондови. Партнертсвото вклучува 37 компании, универзитети, институти и други јавни институции од Словенија, Хрватска и Италија.

nahv1

Со проектот е опфатен цел ланец на корситењето на зелен водород, од производството, преку складирањето и дистрибуцијата, до неговата конечна употреба во различни сектори, главно во индустријата и патниот и поморскиот сообраќај. Засегнатите страни од индустрискиот сектор во сите три земји ќе развиваат различни пилот проекти за производство на над пет илјади тони зелен водород (водород произведен со обновливи извори на енергија) годишно и негово складирање, дистрибуција и користење. Со воведување на напредни технологии за користење на водород и развој на нови знаења и инфраструктура, проектот се стреми кон остварување на целите од Европскиот зелен договор. Тоа посебно се однесува на декарбонизација на важни индустриски сектори, како што се производството на челик, цемент и стакло, развојот на одржливи сообраќајни решенија и сл.

nahv2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top