Насловна / Арт и дизајн / Стариот охридски рибарски чун – сведок на далечни времиња

Стариот охридски рибарски чун – сведок на далечни времиња

7 Ohrid 2

Охриѓани со трепет во срцата ја дочекаа веста дека на 4 јуни повторно заплови  реконструираниот стар рибарски чун по водите на Охридско Езеро, за постарите само далечно сеќавање а за помладите само една раскажувана приказна од старите сограѓани и стари семејни фотографии. Чунот е еден од главните симболи на Охридско Езеро и неговото постоење се поврзува 300 години наназад, оставајќи силна трага во усните и пишаните преданија за рибарите и за доживувањата и прошетките низ езерското синило.

23 Ohridski cun 40tite godini od minatiot vek

Како битен, нераздвоен симбол на Охрид и Охридско Езеро, Завод за заштита на спомениците и Музеј на Охрид, преку различни донации, решаваат да го возобноват сеќавањето на него со реконструкција на можеби последниот, за жал, уништен примерок од кого, во 2010 година, при пад на карпа во Лапидариумот при Музејот во Охрид, остануваат само остатоци и скршени сеќавања.

7 Saint Naum, monastery on Lake Ohrid, view from the north. End of September 1863

Овој посебно значаен проект од областа на заштитата на културното наследство се води под името „Враќање на сеќавањата на стариот охридски чун“, под раководство на архитектот и овластен конзерватор Горан Патчев и неговиот тим стручни лица меѓу кои и Зоран Ѓоргиевски, конзерватор за дрво од НУ Завод и Музеј Штип, соработници и столари со кои успешно ја завршуваат задачата за реконструкција и конзервација на остатоците од стариот рибарски чун во Охрид.IMG_20150121_134058

Предмет на истражувањата е дрвениот рибарски чун кој датира од првата половина на 20 век, со потекло од селоТрпејца и димензии 508 x 191 x 128 см. После несреќниот случај на одрон на масивна карпa, во февруари 2010 година, врз изложениот примерок на рибарски чун во Лапидариумот во дворот на Куќата на Робевци, било спроведено расчистување при што беа извлечени неговите остатоци со големи механички оштетувања, пукнатини, скршеници и големи деформации на одредени места предизвикани од климатските влијанија и нападите од инсекти. Graphic1

После направеното истражувањe, документирањe, историјат и валоризација на чунот, беа преземени одредени методи на конзервација со примена на различни хемиски препарати со метод на суво и мокро чистење на дрвото. Понатаму следат останатите техничко-технолошки постапки кон враќање на комплетниот реконструиран лик на чунот, така што за заштита на дрвените елементи, остатоци од уништениот чун, предложен е метод на непосредна заштита со примена на репресивни мерки за заштита од инсекти, импрегнација на дрвените површини и консолидација со примена на хемиски средства.10 deca ribari

Она што е интересно за историјатот и валоризацијата на чунот, го добивме како податок од кустос-етнолог,  Оливера Мишева која вели: „Риболовот и сообраќајот во Охридско Езеро постоеле откако постојат луѓето покрај езерото. Не е познато како изгледале првите пловни објекти. Но, според кажувањата пренесени од колено на колено и според истражувањата на познатиот биолог Синиша Станковиќ, чунот како основно пловно средство во Охрид се спомнува пред повеќе од 300 години.

10 Ohridski ribarski prikazni

Освен за риболов, се користел и за кираџиство – пренесување жито, дрва, грозје, други стоки, пошта и патници на линиите: Охрид – Поградец, Струга, Свети Наум, Лин, Пештани, Трпејца, но и за рекреација – прошетки по езерото, за свадби, панаѓури и верски празници, особено на празникот Водици, кога крстот се фрлал од чун кој бил украсен со зеленило. Имало три вида чунови: големиот чун бил за транспорт и трговија, средниот за ловење риби, а малиот за шетање и разонода. Чунот по својата градба бил многу безбедно средство за пловење.

ribari 2

Лесно го издржувал налетот на брановите, кои понекогаш биле и до два метри високи. Го изработувале од буково и чамово дрво. Чамот или борот (фоја) го набавувале од Мокра Планина во Албанија, а буката од локалните шуми. Мајстори кои се спомнуваат пред повеќе од 100 години биле: Кузија од Поградец, Арслан од Пештани и Леон Каневче од Охрид. Последни мајстори кои изработувале чунови во Охрид биле браќата столари Наум и Стефан Димзови. Чунот се изработувал рачно со помош на столарски алатки.

CUN model so sprosturi CUN model so sprosturi 2

Костурот на чунот се состоел од три основни делови: предница со закрилци од двете страни, душеме со две издлабени кори кои оделе по должината на чунот од двете страни и задница. Корите, а понекогаш и предницата биле од чам, додека другите делови од бука. Димензиите на чунот биле различни зависно од неговата големина. Должината на чунот се движела од 4-6 или 7 метри, ширината од 1,40-1,60 метри, додека задницата била широка 1,50-1,60 метри. Задницата била висока околу 30 см, а предницата била повисока – околу 70 см. Душемето било од внатрешната страна прицврстено со три букови прагови на растојание од еден метар. На предната половина се поставувале седишта за веслачите и на задницата седиште за примачот или кормиларот. По горниот раб на левата страна од чунот имало отвори за г’жви од јаже за држење на веслата. Деловите биле поврзани – вглавени и со железни клинци зацврстени, а процепите исколчени со памук. CUN Robevci

Веслачи обично биле тројца на предницата свртени кон задницата и еден примач на задницата свртен кон предницата на чунот. Познати возачи биле Дијо Богдан, Ѓоре Масло, Лашко и други. За рекреација и уживање на чунот се ставал чардак со ограда висока околу 40 см, долг околу 2,5 метри и широк два метри. На него поставувале минсофи за седење покриени со килими. Тука седеле и свиреле познатите охридски чалгии. Пловејќи по мирните езерски води со звуците на песните од Садило и неговата тајфа, прошетките по Охридското Езеро биле вистинско уживање “.DSC09148

„Чунот не е во употреба повеќе децении и тоа од повеќе причини: висока цена за изработка, ограничување на сечењето на дрвото во овој регион, но и појавата на металните кајчиња кои се полесни за одржување, поевтини за изработка, а се движат со мали мотори на економично гориво. За жал, традицијата поврзана за охридскиот чун остана да се негува само во сеќавањата на постарите граѓани“,  додава етнолог Мишева.

Раковидителот на проектот, од идеја до обезбедување средства од донации и реализација, архитектот Горан Патчев ја истакна целта и огромното значење на овој проект: „Како што е и самиот наслов на проектот ’Враќање на сеќавањата на стариот охридски рибарски чун‘ – тој треба да придонесе за ширење на приказната за охридскиот чун, кој има длабоки корени во животот на мештаните од крајбрежјето на Охридското Езеро. Да се искористи колективната меморија додека сè уште постои и да се вратат сеќавањата на чунот што имал огромно социо-економско значење во поранешно време. izrabotka na cun IMAG0350

Сега овој реконструиран чун е само еден дел од проектот што понатака треба да поттикне да заживеат занаетите, со изработка на комерцијални вистински пловни чунови, кои ќе бидат своевидна туристичка атракција и заедно со пропратни пропагандни средства за промоција и популаризација на културното наследство како што се макети, сувенири, разгледници, сликовници, плакати на тема Чун со кои ќе има и економски бенефит. DSC09149

За НУ Завод и Музеј Охрид, ’Чунот‘ претставува  уште еден успех во зачувување на материјалното и духовното наследство како специфичен белег и сведоштво за историјата, културата и уметноста од овие простори“.

20150604_101255

Срдечно го поздравуваме реализирањето на овој проект, со надеж дека овој реконструиран чун ги обнови сеќавањата на многумина и дека уште долго ќе претставува горд експонатски примерок на неговите претци, поставен во Лапидариумот на Куќата на Робевци, нем сведок на едни далечни минати времиња, мамејќи погледи и од странските туристи како туристичка атрација на Охрид и Охридско Езеро.ribari 2 994006_632330613466939_26781681_n

Испрати коментар

Scroll To Top