Група ирачки уметници под името Butterfly effect, се здружиле околу една интересна иницијатива која од ден на ден добива се повеќе приврзаници меѓу граѓаните. Иако првично тие започнале со сликање мурали во склоп на училишните објекти, корона кризата и бројните и долготрајни карантински мерки, ги принудиле на поинаква акција. Имено, со намера да го разубават секојдневието на жителите на еден од најстарите квартови на Багдад, каде многумина живеат и во субстандардни услови, уметниците започнале да сликаат по ѕидовите во овој дел од градот. Притоа користат мотиви од историското и културно наследство, но испраќаат и пораки за мир и толеранција. На граѓаните ова многу им се допаднало, но од друга страна здружението на архитекти реагира поради нарушување на автентичноста на овој кварт.