Дизајнерот на мебел Duncan Meerding ги трансформира старите трупци од дрво во модерни ламби, кои може да бидат дел од ентериерите или пак да се постават во дворот. Тој на самото дрво поставува пукнатини од каде се овозможува осветлувањето со лед светилки. Инспирација за ваквиот дизајн е природата, па поради тоа се користени и природни материјали, односно дрво. Димензиите на ламбата изнесуваат 400 мм висина и 300 мм ширина.