Предградието Лас Фуентес (Las Fuentes) во Сарагоса, во објектите на некогашната фабрика за лифтови Гиеза (Giesa), ќе го реализира новиот мултифункционален јавен простор. Проектот е проценет на 18 милиони евра и ќе биде претставен со цел промоција на Програмата за реставрација на јавни згради (PIREP), со помош од европските фондови.
Проектот за пренамена на старата зграда на фабриката Гиеза во себе ќе имплементира голем мултикултурен и спортски центар, co-working простори, дигитален плоштад, спортска сала и придружни намени според потребите на заедницата.
Проектот, во согласност со Генералниот урбанистички план за градот, земајќи ги в предвид идеите и предлозите на жителите од оваа градска четврт, ќе биде поделен на шест различни функционални јадра, и проектиран според принципите за одржливост, едноставност, се со цел поголема вклученост на младите и завземање активна улога во општествениот живот.
Во првиот објект, насловен како маалска куќа (Casa del Barrio) на површина од 3.173 квадратни метри кон улицата Сан Хоакин (San Joaquin), вклучува изложбен простор, работилници и повеќенаменски простори.
Остатокот од комплексот кон улицата Јоланда де Бар (Yolanda de Bar) ќе биде наменета за потребите на општината (2.412 квадратни метри), со изложбени сали, повеќенаменски простор, голема конференциска сала со аудиториум и депо за опрема. Додатно во склоп на објектот на површина од од 2.016 метри квадратни, ќе се предвидат капацитети за времено сместување на олимпијци.
Објектите на некогашните магацини на улицата Чаминаде (Chaminade) ќе бидат дом на мултидисциплинарниот центар (CAR) со површина 3.495 квадратни метри. Истиот ќе биде проектиран со регулациони патеки, базен, теретана, соблекувални, училници и работилници, формирајќи го своевидниот спортски павилјон.
Остатокот од проектот кој гравитира околу пешачката зона на улицата Франциско Родриго (Francisco Rodrigo), е предвиден за малата агора од 1.495 метри квадратни, со медиатека, дигитална лабораторија, повеќенаменски простори, кафетерија и административен простор.
Големата агора, (3.953 квадратни метри) ќе ги интегрира просторите за рекреирање на стари лица и детските игралишта. Според насоките на министерот за урбанизам , Виктор Серано, овој простор наскоро ќе започне да се реализира.
„Без разлика на програмите од европските фондови, ние веќе имаме насоки утврдени со Генералниот урбанистички план во чија постапка земаа активно учество жителите засегнати со планскиот опфат. Оваа Влада е посветена на проектот за Лас Фуентес, така што наскоро ќе започнеме со подготвителните работи што му претходат на проектот “, додаде тој.
Реализацијата на овој спортски центар значително ќе допринесе кон елиминирање на социјалната нееднаквост во заедницата преку вклучување на ранливите категории граѓани и нивна реинтеграција со нивно учество во програми за промовирање на претприемништвото, обуки за дигитални и јазични вештини. Овој општествен инкубатор ќе отвори нови работни места, за лица до 30 години и лицата со попреченост.