Историскиот објект во Белград „Стара воденица“ е трансформиран во хотел, во чиј склоп се сместени конференциски и спа центар. Архитектонското студио Graft Architects, оригиналната убавина на стариот објект ја подобри преку внесување на примамливи облини и чист дизајн. Елементи од стариот објект може да се забележат во самата рамка на објектот, во дизајнот на првиот кат каде што се сместени лобито, рецепцијата, барот и ресторанот коишто ги содржат оригиналните структури. На погорните катови се наоѓаат хотелските соби, апартманите, спа и фитнес центар.
За реновирање на објектот се користени иновативни материјали како што се тули, гранитни камења и ковано железо. Различни машини кои служеле за работа во старата воденица се интегрирани во заднината на рецепцијата. За задржување на „старомодната“ атмосфера од постоечкиот објект, користени се материјали како даб, бакар и бетон.
Super.