Во планинскиот предел на местото Багнес во Швајцарија, архитектонското студио Alp’Architecture sarl реновираа стара штала трансформирајќи ја во модерно и пријатно место за живеење. Тие ја искористуваат постоечката рустична архитектура од дрвена конструкција за создавање на објект со енергетско ефикасни карактеристики, што претставува првиот објект од ваков тип со сертификат за ниско енергетски објект.
Постоечкиот објект е надополнет со нови волуемени во кои се сместени гаражата, спалните простории и тоалетот, а исто така додадени се соларни панели и двојна вентилација која се интегрира во постоечката структура.